Пратеник во Собранието на Босна и Херцеговина е уапсен откако полицијата го фатила како прима мито од 10.000 евра, јавуваат локалните медиуми. Според информациите, објавени таму, пратеникот Мидхат Османивиќ од Партијата за Босна и Херцеговина е уапсен во Тузла во истоимениот хотел заедно со обележаните пари кои му ги дал граѓанин во замена за вработување. Пратеникот веднаш е приведен, а полицијата соопштува дека во тек се претреси во целиот кантон Тузла. Според информациите, уапсен и е директорот на Заводот за здравствено осигурување на Тузла Вели Ториќ исто така по сомнение дека примил мито.
Извор: Пресс24Според информациите, објавени таму, пратеникот Мидхат Османивиќ од Партијата за Босна и Херцеговина е уапсен во Тузла