Убиени над 50 работници вработени во воена фабрика во Сирија

Loading...

 Повеќе од 50 работници вработени во воена фабрика во централна Сирија загинале во бонбашки напади на почетокот на неделата, соопшти во петок Сириската опсерваторија за човекови права.Во соопштението се наведува дека 54 луѓе се убиени во експлозија во средата во автобусот со кој требало да се вратат дома на крајот на смената и дека бројот на мртви би можел да расте.Опсерваторијата наведува дека меѓу 54 мртви во нападите во Бурак, десетина километри јужно од градот Хама, 11 се жени.Засега никој не ја презел одговорноста за тој напад, кој многумина го оценија како терористички бидејќи жртвите биле цивили.„Тие се работници, тие се цивили. Некои луѓе мораат да работат за да ги прехранат семејствата. Тоа не ги прави криминалци“, изјави активист од Хама.
макфакс Повеќе од 50 работници вработени во воена фабрика во централна Сирија загинале во бонбашки напади на почетокот на неделата, соопшти во

loading...