Убиени седум припадници на провладина милиција Пакистан

Loading...

Најмалку седум припадници на пакистанската милиција која соработува со централната власт во Исламабад се убиени во четвртокот во експлозија на бомба при минување на нивното возило во паштунското планинско подрачје во северозападниот дел од земјата кое се смета.Дваесетина припадници на провладината племенска милиција од округот Хајбер каде неодамна се судрија со припадниците на Движењето на пакистанските талибани (Tehrik-i-Taliban Pakistan – ТТP), минале во Кохат една од главните воени бази во северозападен Пакистан.Бомбата експлодирала при минување на нивното возило низ селото во соседната племенска област Оракзаи, соопштиле пакистански функционери. „Нивното комбе е целосно уништено во експлозијата, седум лица загинаа а 13 се ранети,“, изјавил Мехмуд Хасан, највисокиот функционер во покраината, пренесува AFP.Локални извори кои сакале да останат анонимни, за агенцијата ја потврдиле информацијата и бројот на жртвите.Пакистанските сили со години наназад се борат со исламистичките бунтовници на северозападот од земјата, област која се граничи со Авганистан и упориште на талибаните и другите групации поврзани со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда.Од своето основање во 2007 година, движењето на пакистанските талибани загинаа повеќе од 5.500 луѓе во нападите изведувани на целата територија на Пакистан. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот врз оваа племенска полиција.Племенската област Хајбер се наоѓа во племенскиот паштунски регион на Пакистан. Во овие провинции (или со официјален назив – федерално административно управувани племенски области), постојните федерални пакистански закони не важат, а сојузната полиција нема овластувања, туку вистинската моќ е во рацете на племенските водачи и лидерите на семејните кланови.Системот на широка автономија на планинските Паштунски племиња е воспоставена уште од времето кога Пакистан беше колонија на Велика Британија, на почетокот од XX век. По објавувањето на независноста на Пакистан, во 1947 година, овој систем на управување не се измени, зачувувајќи ги привилегиите за паштуните. Денес во племенската зона постојат седум ткн политички заедници – еден вид племенски мини-држави, кои се под пакистанска централна власт: Баџур, Мохманд, Хајбер, Курам, Орказаи, Северен и Јужен Вазиристан. Според пакистанските власти и сомневањата на Вашингтон, во овие подрачја засолништа нашле илјадници борци на џихадот кои се борат на страна на талибаните во соседниот Авганистан.
МакфаксНајмалку седум припадници на пакистанската милиција која соработува со централната власт во Исламабад се убиени во

loading...
Loading...