Миле Марковиќ поранешниот српски боксер и сопственик на стриптиз бар во Стокхолм, кој вчеравечер беше убиен во автомобил, можеби самиот ја снимал сопствената смрт.Автомобилот бил паркиран во близина на неговиот стан, при што повеќемина соседи изјавиле дека виделе кога Марковиќ монтирал видео-камери за набљудување на фасадата на зградата. Една од камерите била насочена да снима кон автомобилот во кој Марковиќ бил убиен со четири куршуми во главата.
Полицијата го пронашла Марковиќ мртов во автомобилот, а според изјави на очевидци, убиецот избегал со бело возило.
Според полициски извори Марковиќ беше во центарот на вниманието на светската јавност во 2011 година кога тврдеше дека поседува компромитирачки фотографии и снимки на шведскиот крал Карло Густав Шеснаесетти на оргии со млади девојки во стриптиз клуб во Стокхолм.
Автомобилот бил паркиран во близина на неговиот стан, при што повеќемина соседи изјавиле дека виделе кога Марковиќ монтирал видео-камери за набљуду