Мислете позитивно за себе, во спротивно телото ќе се приспособи на вашето убедување дека не сте привлечни. Исто така, либидото нема да се подобри со јадење брза храна и седење пред телевизор.Мрсната храна му задава тежок удар на вашето либидо. Сочното парче месо со солени пржени компичиња е погубно за вашата сексуална желба. Забрзувањето на метаболизмот може да ве успие, додека преголемата количниа на сол може на мажите сериозно да им го отежни постигнувањето на ерекција.
Ако сакате повеќе акција, јадете што повеќе жолт и зелен зеленчук. Овие продукти се богати со витаминот А, кој помага во создавањето полови хормони и ја подига сексуалната желба. Не заборавајте ја и редовната телесна активност, која е неопходна за добар перформанс во креветот. Седењето пред телевизор и излежувањето воопшто нема да ви помогнат.
Колку што е потребна активност, толку е потребен и одмор. Спијте доволно за да имате доволно енергија за се, па и за сексуални активности. Доколку не сте одморени, телото сета енергија ќе ја насочи кон виталните процеси, меѓу кои за жал не спаѓа либидото.
Доколку сте нервозни, не се истурајте врз партнерот, бидејќи тоа го уништува и неговото и вашето либидо. Ако сте нерасполоени, обидете се да се орасположите. Одржувајте баланс на добрите и лошите мисли во вашиот ум. Предизвиците го поттикнуваат лачењето адреналин, па кога правите нешто возбудливо, го тренирате либидото. Пасивниот живот може да се отслика и во спалната соба.Мрсната храна му задава тежок удар на вашето либидо. Сочното парче месо со солени пржени компичиња е погубно за вашата сексуална желба. Забрзувањет