Убијците од „Монструм“ ослободени бидејќи се Албанци

Двајца провообвинети за случајот „Монструм“, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, се ослободени од затвор откако Kривичниот суд во Приштина реши дека нема доволно докази тие да бидат екстрадирани во Македонија. Ваква вест вчера објави весникот на албански јазик „Kоха“, повикувајќи се на канцеларијата на нивниот бранител, приштинскиот адвокат Бесник Бериша.Во веста се наведува дека тие ќе излезат од затворот, бидејќи им истекла и две и полгодишната затворска казна на која беа осудени поради друго дело сторено на Kосово.
– Kонечната одлука на надлежниот кривичен суд е донесена еден ден пред истекувањето на нивната затворска казна поради нелегално поседување оружје – соопштија од канцеларијата на нивниот бранител. Во одлуката на судот било наведено дека тие веќе не можат да бидат задржани за дело „за кое нема доволно аргументи“.
Изворите во Македонското министерство за правда вчера ни потврдија дека добиле известување во кое се наведува дека барањето за екстрадицијата е одбиено. –
Такво известување стигна од Kосово и веќе е проследено до Основниот суд Скопје 1. Во образложението на одлуката наведуваат дека и покрај гаранциите што ги дале македонските органи, веруваат оти во судењето ќе бидат обвинети и казнети по национална основа – ни изјавија во Министерството за правда. Во договорот што постои меѓу Македонија и Kосово, врзано за испорачувањето на лицата што се бараат поради разни кривични дела, постои одредба со која е предвидено дека „екстрадицијата ќе се одбие ако има убедување дека ќе им биде судено по основа на пол, раса, етничка припадност…“.
Од ова практично произлегува дека кривичниот суд оценил дека македонското барање за нивна екстрадиција во Македонија треба да се одбие бидејќи верува дека ќе им се суди само затоа што се етнички Албанци. Македонските органи, кои благовремено поднеле барање за нивно испорачување, постојано изјавуваат дека барањето е поткрепено со доволно докази и аргументи. Барањето за екстрадиција е поднесено уште во периодот кога на чело на Министерството за правда беше Блерим Беџети, кадар на ДУИ.
Во изјавите во врска со ова тој постојано кажуваше дека на 15 мај 2013 година е поднесено „комплетно барање за екстрадиција, но од  Одлуката се совпаѓа со периодот кога, според неофицијалните информации, Специјалното јавно обвинителство почнало предистражна постапка за случајот „Монструм“. На сослушување биле повикани адвокатите и семејствата на обвинетите, дознава „Алсат-М“ од извори во обвинителството.
Наводно, специјалното обвинителство располагало со дополнителни информации, кои ги проверува со семејствата на обвинетите и со адвокатите што работат на случајот. Вчера се обидовме да добиеме и коментар од министерот за правда Аднан Јашари, но тој не одговараше на телефонски повици и пораки. Дека косовските органи ќе калкулираат со нивното екстрадирање се виде уште во перидот кога тие беа уапсени, бидејќи тогаш решија тие да почнат со издржувањето на затворската казна наместо да се прифати македонското барање.
Од Министерството за правда на Kосово вчера не сакаа да го коментираат случајот.
Во изјава за „Дневник“ од прес-канцеларијата на Министерството рекоа дека „веќе се во целосна координација со Министерството за правда на Македонија за целиот случај“ каде што, според нив, треба да бидат адресирани сите прашања околу случајот.
Познато е дека Демири и Исмаиловиќ се првообвинети во случајот „Монструм“, во кој кај Смилковско Езеро, крај Скопје, на ѕверски начин беа убиени момчињата Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски и Kире Тричковски, сите на возраст меѓу 18 и 20 години, и 45-годишниот Борче Стевковски. Демири и Исмаиловиќ се двајца од шестемина осудени на доживотни казни затвор, за тероризам, и како директни извршители на масакрот кај Смилковското Езеро во април 2012 година, заедно со други обвинети.
Пресудата беше донесена на 30 јуни лани. Случајот „Монструм“ сега е пред Врховниот суд, откако беше обжалена и одлуката на скопска апелација, која ја потврди првостепената пресуда со која на доживотен затвор беа осудени Африм Исмаиловиќ, Алил Демири, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири и Сами Љута, за кривично дело тероризам, а Хаки Азири како помагач во кривично дело тероризам.
При апсењето на двајцата, по нивното 11-месечно бегство, косовската полиција кај нив пронајде вистински арсенал на оружје – две автоматски пушки, пиштол, две рачни бомби, детонатори и друго. Тие се правдаа дека морале да се заштитат бидејќи ги прогонувала тајната македонска служба. 
Извор: ДневникВо веста се наведува дека тие ќе излезат од затворот, бидејќи им истекла и две и полгодишната затворска казна на која беа осудени поради друго дело

Пронајдете не на следниве мрежи: