Ученици од „Илија Николовски Луј“ ќе настапат на Новогодишниот гала концерт „ Подготвени за големи дела“ во Белград

На 9ти декември во Белград ќе се случи традиционалниот Новогодишен гала концерт на Регионалната детска филхармонија насловен како „Подготвени за големи дела“ на кој учество ќе земат учениците од музичкото училиште „Илија Николовски Луј“ од Скопје предводени од професорката Наташа Малиновска.Регионалната детска филхармонија и нејзините млади талентирани членови од Загреб, Скопје, Љубљана и Белград ќе оддржат премиерен заеднички настап под диригентската палка на словенечкиот диригент, педагог и ментор Жива Плој Першух. Специјалните гости и солисти на концертот ќе бидат светскиот реномиран тромбонист Бранимир Слокар и оперската певица Ана Петровиќ.
„Ни претставува огромна чест што сме поканети да земеме учество на новогодишен концерт. Ова ќе биде одлична можност за нашите ученици да застанат рамо до рамо со светски реномирани музички имиња како и да воспостават контакти со нивните врсници музичари од регионот. Се надевам дека ова искуство за сите нас ќе биде инспиративно и ќе ги поттикне нашите млади музичари за уште подобра работа и надградување на нивниот музички талент“, изјави Наташа Малиновска професорка на одсекот за гудачи при музичкото училиште „Илија Николовски Луј“.
Целта на овој концерт е децата музичари како амбасадори на добрата волја да развијат културна размена и да воспостават соработка на сите нивоа во целиот регион. Во талентите е иднината на целиот регион, тие се клучот на културанта соработка, а музиката како универзален јазик кој ги премостува сите препреки и граници има моќ да го допре секое срце. Проектот Регионална детска филхармонија отвора нови можности за образование, обука и размена меѓу најмладите и иницира културен дијалог и соработка.
Проектот е под покровителство на собранието на градот Белград  и градовите од регионот кои имаат за цел да ја промовираат соработката и културната размена со концертните активности и различните културни содржини.Регионалната детска филхармонија и нејзините млади талентирани членови од Загреб, Скопје, Љубљана и Белград ќе оддржат премиерен заеднички настап п

Пронајдете не на следниве мрежи: