петок, 27 ноември 2026
Најново

Ученици од збратимената општина Крижевци зимуваат на Пониква

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Шест ученички од основни училишта од Крижевци зимскиот распуст го поминуваат во Спортско-рекреативниот центар Пониква, на Осоговските Планини.- На Пониква гостуваат најуспешните ученици од основните училишта од Крижевци. Зимувањето е овозможено од Општина Кочани и е резултат на соработката на двете збратимени општини Кочани и Крижевци. Станува збор за возвратна посета којашто се реализира по летувањето што беше овозможено за учениците на генерацијата од Кочани, во Паг, Република Хрватска, соопшти раководителката на Одделнието за јавни дејности во Општина Кочани, Голубинка Георгиева.
Според зборовите на гостите, зимувалиштето Пониква им оставило убав впечаток, а снежната покривка им донела дополнително уживање и забава.
Шестдневниот престој на учениците им завршува в петок. При посетата, претставниците од Општината на гостите им доделија симболични подароци од Кочани.- На Пониква гостуваат најуспешните ученици од основните училишта од Крижевци. Зимувањето е овозможено од Општина Кочани и е резултат на соработкат

Поврзани вести