Општина Берово и оваа година активно се вклучи во одбележувањето на „Европската недела на мобилност“ која трае од од 16 до 22 септември.Со самото вклучување во оваа акција коjа традиционално се одржува низ целиот свет, посебно се одбележува 22 Септември – Ден без автомобили, кога за сообраќај се затвора една или повеќе фреквентни сообраќајници и се резервираат за велосипедисти, пешаци или за јавен транспорт. На тој начин се упатува силна порака дека автомобилите треба да се користат одговорно, со избирање на „паметен“ начин на транспорт, со што се води сметка за животната средина и загадувањето што го произведуваме.
Денот без автомобили во Берово беше одбележан во соработка на Општина Берово, ООУ “Дедо Иљо Малешевски“ – Берово и Полициската станица – Берово кои заеднички ја организираа активноста со која учениците од основното училиште во Берово се качија на своите велосипеди и ја испратија својата порака за заштита на животната средина.
Велосипедското дефиле на учениците започна во 12 часот со стартна точка од влезот на ООУ “Дедо Иљо Малешевски“ – Берово и истото се движеше по ул.“Маршал Тито“ до плоштадот каде продолжи по ул.“23ти август“ до раскрсницата со ул.“Моша Пијаде“ по која продолжија и се вклучија на ул.“Партизанска“ кон ул.“Маршал Тито по која ќе заврши на почетната точка.
Пред започннувањето на велосипедското дефиле претставници од Полициската станица во Берово одржаа едукатувни предавања на учениците од прво одделение за безбедно преминување на улици и учество во сообраќајот на пешаците.Со самото вклучување во оваа акција коjа традиционално се одржува низ целиот свет, посебно се одбележува 22 Септември – Ден без автомобили, кога за