Учениците од средното угостителско-туристичко училиште на Град Скопје „Лазар Танев“, постигнаа голем успех на два натпревари што се одржаа изминатата недела во Болоња, освојувајќи 4-то место на натпреварот за бармени од вкупно 78 натпреварувачи од 17 земји од Европа и 5-то место на ено-гастрономскиот натпревар од вкупно 42 штандови од Италија и 16 други земји од Европа.Ученикот Христијан Николовски на натпреварот за бармени во Болоња-Италија во најсилна конкуренција до 19 години со својот коктел го освои 4-то место.
Жирито на ено-гастрономскиот натпревар го рангира на високото 5-то место штандот на средното угостителско-туристичко училиште на Град Скопје „Лазар Танев”, а македонската традиција, култура и ено-гастрономија беше претставена пред над 30. 000 посетители во Болоња.
Ученикот Христијан Николовски на натпреварот за бармени во Болоња-Италија во најсилна конкуренција до 19 години со својот коктел го освои