105.276 евра неповратни грант средства од програмата “Еразмус +“ за која советниците од коалицијата предводена од СДСМ во Советот на Општина Берово ниту слушнале ниту знаат што е откако тоа јавно го кажаа на 31-вата седница на Советот која се одржа во средата на 29.06.2016 година, останаа под милоста на оваа советничка група која одбива се што донесува бенефит на општината, а сега и бенефит за учениците од училиштата.Непромисленоста или повеќе своеволноста во нивното работење продуцира само со задоволување на партиските апетити што говори дека тие ниту мислат ниту размислуваат за општината и народот од кој се изберени, што го докажува и врвот на партизацијата на советот до кој се дојде со негирањето на младите и нивното стручно усовршување.
Веќе сите сме свесни дека во последните години општинскиот приоритет е развој на туризмот и токму затоа е отворена и Туристичко – угостителската струка во ОСУ “Ацо Русковски“, а токму програмата “Еразмус +“ и одобрената апликација за проектот предвидуваше размена на искуства и практична настава на учениците во Италија.
Но иако овие средства се неповратни, сепак советниците од СДСМ љубоморно не сакаат да ги пуштат децата кои можеби и немаат свои финансиски средства и можности да го направат тоа наспроти нивните деца кои одат во Рим, Барселона, Пула, Риека и по сите други Европски центри благодарение на примањата кои ги земаат од државата и како пратеници од СДСМ иако не одат на работа во Собранието на Република Македонија.
Таквите политики сигурно ќе бидат казнети од родителите на децата на кои не им е дозволено да учествуваат во овој проект со оваа одлука на советниците од СДСМ, зашто секој граѓанин има право да се унапредува и да оди напред без да зависи од суетноста на поединци, а сега и учениците станаа заложници на политиките на СДСМ.Непромисленоста или повеќе своеволноста во нивното работење продуцира само со задоволување на партиските апетити што говори дека тие ниту мислат ни