УЧЕТЕ ОД НАЈДОБРИОТ: Еве како Никола Тесла ги проценувал луѓето

Loading...

Големиот научник, кој имал големо влијание на развојот и модернизацијата на целото човештво, имал свои “водечки принципи”, па можеме да кажеме дека оној кој не ги поседувал и не ги следел не бил “добар човек” според неговото мислењеНикола Тесла бил еден од најголемите светски научници и иноватори. Тој работел, страдал и се борел, затоа што верувал дека неговите пронајдоци ќе го променат човештвото. И бил во право.
Неговата љубопитност го водела во различни области на науката. Тој бил интелигентен и шегобиец, и поради тоа неговите пријатели го ценеле и го сакале, но бирајќи помеѓу социјалниот живот и  работата секогаш ја избирал работата.
Вежбал самоконтрола за да го зачува своето тело и ум млади, во надеж дека работата и заслугите ќе зборуваат за него во иднината:
­ Нашите доблести и нашите неуспеси се неразделни, како силата и материјата. Кога ќе се одвојат, го нема повеќе човекот – зборуваше тој.
­ Иднината ќе ја каже вистината, просудете го секој човек според неговите дела и заслуги.
Сегашноста е нивна, но иднината, за која толку напорно сум работел, е моја.
Човекот мора да вежба умереност и контрола над своите чувства и желби во било кој поглед, за да се одржи себеси млад во телото и умот. Воздржувањето не ми било секогаш по вкус, но моите искуства се голема награда.

 
­ Човекот е роден да работи, да страда и да се бори. Кој тоа не го прави, мора да пропадне.
­ Научив десетина јазици, проучував литература и уметност, ги поминав своите најдобри години во библиотеките читајќи сè што би ми дошло при рака, и почувствував дека го губев времето, но наскоро сфатив дека тоа беше најдоброто нешто што некогаш сум го направил.
 ­ Од сите “сили на триење”, онаа која најмногу го забавува човековиот напредок е незнаењето, она што Буда го нарекува “најголемото зло во светот”.
­ Најважниот производ на креативниот ум е изумот. Неговата крајна цел е умот да завладее со природата и искористувањето на нејзините сили за потребите на човештвото.
­ Ако се обидам да продолжам да го прекинам текот на мислата, чувствувам вистинско духовно гадење, ненамерно потоа преминувам на друга работа, изненаден од свежината на умот и леснотијата со која ги совладувам пречките, кои претходно ми ги расипуваа сметките. Јас редовно ги наоѓам одговорите на најтешките прашања со најмал напор.
­ Ако не знаете како, набљудувајте ги феномените на природата, таа ќе ви даде јасни одговори и инспирација.Никола Тесла бил еден од најголемите светски научници и иноватори. Тој работел, страдал и се борел, затоа што верувал дека неговите пронајдоци ќе г

loading...
Loading...