Училишен прибор за учениците од поплавените подрачја

Министерот за образование и наука Пиштар Љуфтиу, заменик министерот Спиро Ристовски и претставници од опоштината, присуствуваа на дистрибуцијата на училишниот прибор во ПУ „Кирил и Методиј“ во Страчинци и во ОУ „Кирил и Методиј“ во Стајковци.Министерот рече дека приоритет на Министерството е да се обезбедат потребните материјали неопходни за непречено одвивање на наставата во регионите погодени од поплавите.
Како Министерство ветивме дека приоритетни цели ќе бидат училиштата, бидејќи започна наставната година и тоа го остваривме.
Доставивме ранци и прибор за секое дете во овие училишта, истакна Љутвиу
Министерот информира дека од Македонската амбасада во Франција добиени се 50.000 долари собрани како донација, а ќе бидат наменети за реконструкција на покривите на двете училишта.
Директорката на ЦОУ „.Кирил и Методиј“ Ана Петровска појасни дека во наредниот период треба да пристигне комплетниот училишен прибор, а потоа секој родител ќе добие за своето дете од пакетот што му следува.
Според Петровска, училиштата во Стајковци и подрачното во Страчинци се реновирани, односно, како што рече, обезбедени се услови за непречено одвивање на наставата.Министерот рече дека приоритет на Министерството е да се обезбедат потребните материјали неопходни за непречено одвивање на настава

Пронајдете не на следниве мрежи: