четврток, 12 ноември 2026
Најново

Училиште на стравот: Децата доаѓале дома во солзи

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Родителите на учениците од Чачак две години се борат за сигурноста на своите деца кои ги тероризира 15-годишен шеф на малолетничка банда.Тие досега против С. Н. Упатувале бројни жалби и до училиштето и полицијата, но на малолртникот никој се уште не му застанал на патот.
„Мојот син кој оди во пето одделение се врати еден ден од училиште целиот во солзи и ми рече дека С.Н. со денови го малтретира. Му ги земал парите за ужина и барал да му донесе уште пари инаку ќе го претепа. Бев во училиштето за лично да го сретнам. Кога го најдов и го прашав зошто му се заканувал на син ми, дрско ме праша во што е проблемот и само што не скокна на мене. Немаше никаков страв, ниту пак покажа дека има било какво однесување кон постарите“, вели Миодраг Пантовиќ.
Учениците од училиштето „Др. Драгиша Мишовиќ“ наведуваат дека С.Н секојдневно ги малтретирал.

„Децата се плашат од него бидеји е многу крупен за своите години. Мене секој ден ми земаше по 30 динари и ми рече дека не смеам да писнам за тоа. Продолжил да доаѓа во училиштето и кога станал средношколец“, вели еден од учениците.
Малолетниот С.Н. од Чачак е уапсен поради обид за убиство на двајца сограѓани. Тој во саботата на централниот плоштад во Чачак со нож избол двајца млади.Тие досега против С. Н. Упатувале бројни жалби и до училиштето и полицијата, но на малолртникот никој се уште не му застанал на патот.
&bdq

Поврзани вести