Студентите од Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид, изработија апликација за децата со посебни образовни потреби.„Учиме низ забава“ претставува интерактивна, едукативна и забавна игра, со примарна цел – стимулација на развојот на визуелната перцепција, формирањето на нови поими, стимулација меморијата како и стекнување на основни, комуникациски, организациски, емоционални и социјални вештини.
Оваа едукативно-забавна игра, пред сè, е креирана и наменета за децата со интелектуална попреченост од посебното основно училиште „д-р Златан Сремец“ од Скопје и дневниот центар за лица со пречки во развојот „Зраци“ од Охрид, овозможувајќи им на еден поедноставен и интерактивен начин да ги осознаваат, изучуваат, помнат и извршуваат тековните активности во рамките на институциите и во секојдневниот живот.
Светските искуства покажуваат дека интерактивните дигитални алатки во голема мера можат да го олеснат процесот на едукација на децата со посебни потреби. Оваа апликација е чекор напред кон осовременувањето на процесот на учење и користење на нови методи и техники во воспитно образовниот процес кај децата со посебни потреби во нашата земја, учејќи ги самостојно да ги извршуваат секојдневните активности, со цел нивно активно вклучување како рамноправни членови во општественото окружување.
„Учиме низ забава“ претставува проект од суштинско значење, кој пред сè, на нашето училиште му овозможува следење на современите трендови и дигитализацијата на образовните програми наменети за оваа специфична категорија на ученици. Воедно би сакала да изразам благодарност до Универзитетот за информатички науки и студентите со високо развиена општествена свест за оваа хумана ИТ иницијатива– изјави Мери Стојкова, директор на училиштето за деца со посебни потреби „д-р Златан Сремец“.
Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во рамките на својата едукативна дејност, иницира и работи на општествено корисни проекти и преку имплементација на напредни алатки на информатичките и комуникациски технологии, цели кон остварување на позитивно влијание во општеството.„Учиме низ забава“ претставува интерактивна, едукативна и забавна игра, со примарна цел – стимулација на развојот на визуелната перцепц