Герила-акции, перформанси, па дури и закани – ова е шарената палета на опции кои ги нудат шарените платеници чија Визија за иднината вклучува можност за собирање на поени.Начинот на кој ќе бидат распределени тие поени – дали за некоја директорска функција или пари во џебот, останува во договорот помеѓу платениците и нивните најмувачи.
Денес ќе се фокусираме на уште една чудна случајност. Имено, за да се спроведе едно движење, треба да се пласираат пораки кои ќе бидат достапни за целната публика.
Целната публика е добро селектирана категорија од редовите на платениците, бидејќи се врши влијание врз внимателно одбрани граѓани и етнички заедници врз кое ќе се направат повеќекратни обиди за регрутирање во редовите на визионерите за подобро утре за длабоките џебови.
Низ македонските градови се спроведуваа токму вакви иницијативи, а и герила-акции со кои оставаше што е можно поголем впечаток за да се предизвика воодушевување и можно придобивање на свежа крв во редовите.
Медиумите коишто ги поддржуваат ваквите иницијативи, ги опишаа ваквите случувања како урбани протести кои носат живот, енергија, желба за слобода, тежнеење за нормално општество, бунт и креативност.
Се фарбаа споменици, пишуваа графити по јавни површини… Едноставно е, за да се покаже силата во борбата и да се остави општа слика дека Македонија ја тресат масовни собири и протести. Но, кога ќе се погледнат снимките и фотографиите од ваквите собири, бројноста на учесниците во истите се намалува од ден, на ден.
Сведочевме досега на блокади на институции и герила-акции. Мислевте дека ова е оригинално? Размислете подобро, ова е само спроведување на веќе постоечките методи со кои Канвас уништи многу држави!
Начинот на кој ќе бидат распределени тие поени – дали за некоја директорска функција или пари во џебот, останува во договорот помеѓу платениците и