Ударната тупаница на СДСМ е Саше Политико!

Во Собранието на РМ последниве два дена се одвиваше надзорна расправа, која беше побарана од страна на СДСМ.Оваа надзорна расправа СДСМ ја бараа скоро два месеца, а нејзиното одржување го позиционираа како услов за да учествуваат во нормализирање на политичкиот дијалог во Република Македонија. На изглед сосема легитимно барање на СДСМ. Очекувањата во јавноста беа дека на ваква надзорна расправа ќе се дебатира и ќе се анализираат сериозни теми во врска со понудената тема. Со нетрпение беа очекувани податоци, бројки, компаративни искуства, анализи и насоки кои би помогнале во реформирањето и подобрувањето на системското функционирање на институциите во Република Македонија.
За жал, ништо од позитивните очекувања не се оствари. Наместо сериозни анализи, главен адут на СДСМ на оваа дебата беше Саше Ивановски – Политико, кој беше и единствениот говорник кој доби силен аплауз од пратениците на СДСМ.
Во својот скоро петнаесет минутен говор, Саше Политико во Собранието на Република Македонија употребуваше вулгарности и до сега невидени ниски изрази, очигледно препознатливи за него и неговиот портал. Тој зборуваше за тоа дека ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Груевски ќе ги скарал со своите жени, кој кого ќе го слушал дали води љубов, но најмногу дека премиерот Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги купил CNN, The Financal Times, Forbes и други светски медиуми. Чудно, смешно и неразбирливо.

 
На сите вулгарности и невкусни изрази, Саше Политико константно добиваше поддршка од пратениците на СДСМ кои беа присутни во салата каде се одржуваше оваа расправа. Пратениците на СДСМ кои претходно ги прекинуваа говорите на останатите новинари, на Саше Политико му приредија пречек со бурни аплаузи.
Оваа дебата и расправа не беше она што го очекуваат ниту македонските граѓани, ниту пак новинарите и останатите засегнати субјекти. Впрочем, никој не очекуваше дека главната тупаница на СДСМ ќе биде токму човекот кој за себе тврди дека иако е новинар редовно се координира со штабот на СДСМ, кој редовно навредува и пцуе, новинар кој очигледно не ги познава ниту базичните граматички, синтаксички и лексички основи и правила на македонскиот јазик, новинар кој си дозволи да побара смрт за македонски актери и новинар кој константно напаѓа и етикетира други новинари (пред се Бранко Героски).
После вчерашниот ден, на никому не му е јасно која беше целта на оваа надзорна расправа која ја побара СДСМ. За нас останува впечатокот дека СДСМ, за жал, се потпре на Саше Политико како нивна ударна тупаница.

Извор: КурирОваа надзорна расправа СДСМ ја бараа скоро два месеца, а нејзиното одржување го позиционираа како услов за да учествуваат во нормализирање на полит

Пронајдете не на следниве мрежи: