Угро по стапките на Ноне – заминува да работи на брод

Сигурно го паметите по неколку песни кои оставија белег на македонската музичка сцена. Никола Угриновски –Угро, изгледа, сфатил дека нема леб од создавање музика во Македонија, па, како што пренесува „Вечер“, си ги спакувал куферите и заминал од нашата земја. Сега Угро е стациониран на брод и работи како фотограф и снимател.
Угро не е единствениот што замина да печали во странство на ваков начин, со крстосување на брод. Често може да сретнеме и фотографии од Ноне која веќе подолго време заработува на брод. Колку ќе трае патот околу светот на Угро не знаеме, но сигурно е дека ќе си дојде со повеќе пари.
Раперот неодамна  се разведе од сопругата Наташа, со која има две ќерки, а неговиот дом, станот во кој живеел, веќе е на продажба. Тој зад себе има еден музички албум, а дел од песните беа големи хитови. Сега Угро ќе може да си потпевнува на брод, па може и ќе заработи некој бакшиш.
Извор: republika.mkСигурно го паметите по неколку песни кои оставија белег на македонската музичка сцена. Никола Угриновски –

Пронајдете не на следниве мрежи: