УХМР со вонредна временска прогноза за утре

Утре во попладневните и вечерните часови од север ќе се спушта посвежа воздушна маса која на повеќе места ќе предизвика нестабилно време со поројни врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси во форма на невреме, соопшти УХМР.Дневните температури ќе опаѓаат, почнувајќи од северните делови за околу пет степени, а во крајните југоисточни делови сеуште ќе се задржи многу топло, така што температурите ќе бидат во интервал од 31 до 40 степени.
И во Скопје во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во понеделник ќе преовладува променливо облачно и свежо време со локален дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој ќе предизвика дополнително опаѓање на температурата уште за околу 10 степени и ќе се движи од 21 до 29 степени.
Стабилизрање на времето со постепено покачување на температурата ќе има во вторник.Дневните температури ќе опаѓаат, почнувајќи од северните делови за околу пет степени, а во крајните југоисточни делови сеуште ќе се задржи многу то

Пронајдете не на следниве мрежи: