УЈП почнува обуки за граѓаните кои издаваат движен и недвижен имот

Управата за јавни приходи од денеска почнува со реализација на едукативни програми наменети за граѓани, на тема: „Пријавување и оданочување на приходи остварени од издавање под закуп и подзакуп на движен и недвижен имот“.Обуките стартуваат во Куманово. Во текот на еден месец се предвидени 46 работни средби со граѓаните од 36 општини низ Републиката. Првите работни средби ќе се реализираат во општините Куманово, Градско и Богданци.
На еднодневното советување, посетителите ќе имаат можност да се стекнат со знаења и практични примери за начинот на пријавување и оданочување на остварените приходи и даночните поволности…
За регистрација и учество на обуките, заинтересираните треба да се пријават најдоцна два  дена пред почетокот на обуката. Обуките се без финансиски надоместок.
Обуките се спроведуваат во рамките на Планот за управување со усогласеност на УЈП со кој се таргетира издавањето под закуп на движен и недвижен имот, а со цел зголемување на свеста и едуцираноста на даночните обврзници за нивните права и обврски.Обуките стартуваат во Куманово. Во текот на еден месец се предвидени 46 работни средби со граѓаните од 36 општини низ Републиката. Првите работни с

Пронајдете не на следниве мрежи: