УКИМ ќе формира комисија за студентските избори

Ќе се формира комисија за измена на Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во која ќе учествуваат претставници на Студентскиот пленум и на Студентскиот парламент, како и продекани од УКИМ. Целта е да се  овозможи поголемо влијание на Универзитетот пред одржување на следните избори за студентски претставници, беше одлучено на денешната вонредна седница на Ректорската управа на УКИМ.На седницата не беа поништени изборите за претседател на Студентски парламент (СПУКМ) што се одржаа во четвртокот  бидејќи Ректорската управа нема ингеренции во однос на изборот на студентски лидер, иако тие беа оценети како „скандалозни бидејќи ескалираа со физички пресметки и вмешување на припадници на МВР кои не беа повикани од одговорните лица на Универзитетот“.
Ректорската управа не прифати во заклучоците да го вметне предлогот изборите да се поништат и Кирил Спировски да остане претседател на СПУКМ до септември од кога би функционирале новите измени во студентското организирање.
Беше предложено и да се формира комисија која ќе ги разгледа информациите и сите факти за случувањата на спроведените избори за нов студентски лидер на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и ќе предложи заклучоци од исказите на претставници од Студентскиот парламент и од Студентскиот пленум.
Членовите на Студенсткиот пленум сметаат дека со дополнителни комисии кои ќе оценуваат што се случило нема да го решат проблемот. Според нив, СПУКМ нелегитимно и криминално го избрал Давор Поповски за нов лидер и УКИМ веднаш терба да ги исклучи од своите редови студентските претставници во Сенатот.
– Формирање какви било комисии само ќе ја отежнат работата на комисијата  за измена на Статутот, само ќе го продлабочат проблемот. Ние од овој Универзитет бараме осуда на насилство, не бараме да истражува и да пролонгира. Бидејќи сите се согласни дека овој проблем треба што поскоро да е решен, тогаш бараме комисијата за измена на Статутот на УКИМ да стартува со работа веднаш, рече Ивана Туфегџиќ од Студентскиот пленум.
Досегашниот претседател на СПУКМ Кирил Спировски, пак, рече дека Студентскиот парламент не е против тоа да се усогласат двете страни.
– Ние не бараме да не се согледаат двете страни, но ние бевме во заложничка криза. Јас бев тепан и навредуван и на нашите студенти во организацијата им се случуваше истото, рече Спировски.
Деканот на Правниот факултет Борче Давитковски не се согласи со формирање комисија.  – За жал, Ректорката управа нема никакви ингеренции во поглед на изборот на студентски лидер и претставници на студентите во органите и телата на УКИМ согласно со важечките правни акти. Сепак, должни сме да го дадеме својот придонес во разрешување на настаните и превенирање на слични состојби, рече Давитковски.
Пред Ректоратот студентите симболично фрлаа копии од Етичкиот кодекс на УКИМ за да покажат дека тој бил брутално згазен, а на видеобим ги прикажаа случувањата од 30 јуни, денот на изборите на студентски лидер.На седницата не беа поништени изборите за претседател на Студентски парламент (СПУКМ) што се одржаа во четвртокот  бидејќи Ректорската управа

Пронајдете не на следниве мрежи: