Украден „јагуар“ вратен на сопственикот по 46 години

Сопственикот на луксузниот автомобил, денес 82- годишен адвокат во пензија, не можел да поверува  на своите уши: неговиот јагуар кабриолет, кој му бил украден пред 46 години во Њујорк, пронајден е неодамна во Калифорнија.Како што пренесуваат американските медиуми, јагуарот ХКЕ се наоѓал во контејнер на товарен брод за пат за Холандија.
Тоа е вистинско чудо. Имав 36 години, а сега 82“, изјавил Ајван Шнајдер кога калифорниските цариници  го известиле дека го пронашле неговото возило.
Цариниците од Лос Анџелес во текот на рутинските проверки за извоз на автомобили, кога товарниот брод веќе го напуштил пристаништето  во Лонг Бич, откриле дека се работи за украденото возило.
Превозникот тогаш организирал враќање на автомобилот во САД и јагуарот така бил вратен на својот вистински сопствениик.
„Тоа беше мојот прв и најдраг автомобил“, рекол Шнајдер кој денес живее на Флорида.
„Го купив нов. Имаше помалку од година дена кога ми го украдоа. Понекогаш се будев во 4 часот наутро во сабота или недела за да можам да го возам 140/160 на час на автопат“, раскажал поранешниот адвокат.Како што пренесуваат американските медиуми, јагуарот ХКЕ се наоѓал во контејнер на товарен брод за пат за Холандија.
Тоа

Пронајдете не на следниве мрежи: