Украински научник направил електромагнетен катапулт за кинеските носачи на авиони

Украинската служба за безбедност подигнала обвинение против професорот од Храковскиот национален универзитет Владимир Чумаков. Чумаков е обвинет за издавање доверливи информации, кои се однесуваат на електромагнетните акцелератори, како и за предавање документи за нивната конструкција на заедничката кинеско – украинска компанија. Во Храков е во тек судењето на научникот, обвинет за издавање на државата.Релестрони се  електродинамични акцелератори кои можат да послужат како прототип за оружје на иднината -елетомагнетни пушки. Тие овозможуваат забрзување на проектилот до брзина недостижна за традиционалните пушки, кои користат енергија на барутни гасови.
Според Чумаков, тој работел на релестронот од 2005 година.
Во 2008 година му се обратил поранешниот студент Алексеј Руд и му предложил да биде промотор на идеите во странство. Научникот бил во сериозни финансиски проблеми и прифатил. Руд го поврзал со кинеско- украинската СП Top Science Ukraina, на чие чело се наоѓал Сергеј Чичотка. Во 2009, Чумаков им ги предал материјачлите од својата работа, како  демонстрација за своите можности. Руд и Чичотка исто така се наоѓаат под истрага од 2010 година.
Но, според мислењето на СБУ, Чумаков не само што го предал проектот, туку и тајни материјали, засновани на работата на други украински научници од 1990-те.
Влијанието на предадената технологија за безбедноста на Украина е контроверзна. Во догледна иднина, тешко дека може да се очекува појава на сериски примероци на воени електроагнетни пушки. Но, технологијата на електромагнетни акцелератори веќе има практична примена. На оваа технологија се базирани електромагнетни катапулти за носачи на авиони – системи кои овозможуваат полетување на авионите од носачите. Тие имаат за цел да ги заменат комплицираните, тешки и помалку ефикасни бродски катапулти.

До неодамна, единствена земја која била способна да произведе електромагнетни катапулти биле Соединетите држави. Тестирањата на таквиот систем не терен се изведени во 2010. Тие би требало да бидат инсталирани на најновите носачи од типот Џералд Форд. Друга земја во светот која работи на такви катапулти е Кина. Во почетокот на 2012 објавено е за успехот на нивниот проект и наградувањето на раководителите на конструкторскиот тим, кој рботел на катапултите.
Доколку наводите на СБУ, дека реботата на Чумаков одиграла значајна улога во успехот на кинеската програма, се точни тоа за Украина ќе биде огромна загуба. Кинезите за минимална сума би можеле да добијат неверојатно чувствителна технологија, која отвора нова перспектива за нивната програма за носачи на авиони. За разлика од традиционалните бродски катапулти, електромагнетните катапулти не се само попродуктивни, туку немаат ограничувања во поглед на минималната и максималната тежина на авионите. Тоа овозможува нивна употреба кај релативно мали безпилотни летала.
Непознато е колку навистина материјалите на Чумаков биле тајни. Се на се тие биле префрлени во Кина за многу важен кинески научен проект со слична тематика и можеле да допринесат во неговиот успех. Затоа не е никакво изненадување, што украинската држава, која на крајот не добила ништо, е толку лута.Релестрони се  електродинамични акцелератори кои можат да послужат како прототип за оружје на иднината -елетомагнетни пушки. Тие овозможуваат

Пронајдете не на следниве мрежи: