Улицата „Балканска“ во Берово деновиве го доби ликот на современа градска сообраќајницаСо извршувањето на активностите за асфалтирање на истата кои се одвиваа во изминатите неколку денови, Општина Берово завршува уште еден од проектите кои беа најавени за реализација од страна на градоначалникот Наџински кој кажа дека Берово и во 2016 година ќе биде во инфраструктурна експанзија со реализација на голем број на инфраструктурни проекти.
Улицата е асфалтирана во должина од околу 320 метри почнувајќи од раскрсницата со ул.“Братство и единство“ се до спојката со ул“Прохор Пчински“ кои се две улици изградени во претходните години.
Според проектната документација, ширината во поголемиот дел на улицата е 6 метри со стеснување на еден мал дел поради состојбите на теренот, а изградени се и тротоарски површина од двете страни по целосната должина со ширина од по еден метар.
Истата биде асфалтирана со абечки слој АБ11 со дебелина од 5 сантиметри врз Битуменски носив слој БНС22 со дебелина од 7 сантиметри и претходно стабилизирање на трупот на патот со тампонски слој од дробеник во дебелина од 30 сантиметри.Со извршувањето на активностите за асфалтирање на истата кои се одвиваа во изминатите неколку денови, Општина Берово завршува уште еден од проектит