Во последните неколку години Општина Берово доживеа вистински градежен бум и значително подобрување на патната инфраструктура како во градот така и во селските населби.
Овој тренд на подобрување на уличната мрежа продолжува и во оваа 2016 година, во која градоначалникот на општина Берово најави дека ќе се реализираат голем број на проекти од патната инфраструктура со кои значително ќе се допринесе за подобрувањена условите за одвивање на сообраќајот.
Една од улиците која ќе биде изградена и за која веќе во тек е тендерска постапка за избор на изведувач е улицата “Балканска“ која за неколку месеци ќе добие сосема нов лик.
Улицата ќе биде асфалтирана во должина од околу 320 метри почнувајќи од раскрсницата со ул.“Братство и единство“ се до спојката со ул“Прохор Пчински“, две улици кои се изградени во претходните години.
Според проектната документација, ширината на улицата ќе биде 6 метри со изградба на тротоарска површина од двете страни со ширина од по еден метар.
Истата ќе биде асфалтирана со абечки слој АБ11 со дебелина од 5 сантиметри врз Битуменски носив слој БНС22 со дебелина од 7 сантиметри и претходно стабилизирање на трупот на патот со тампонски слој од дробеник во дебелина од 30 сантиметри.
Овој тренд на подобрување на уличната мрежа продолжува и во оваа 2016 година, во која градоначалникот на општина Берово најави дека