Улицата „Димо Наредникот“ во Прилеп наскоро ќе стане современ булевар

Во тек се градежните активности на една од главните сообраќајници во Прилеп на улицата „Димо Наредникот“. Оваа сообраќајна артерија, која се протега во централното градско подрачје, ќе добие нови тротоари на потегот од Основниот суд Прилеп до мостот на Градска река во должина од околу 250 метри, а освен на тротоарите, интензивно со несмалено темпо, се работи на реконструкција и на самиот коловоз.„Оваа улица за брзо време ќе стане современ булевар со 4 ленти, ќе има зелен појас на средината, исто така предвидено е да има велосипедски патеки, пешачки патеки и ново енергетски ефикасно осветлување. Станува збор за инвестиција од 11 милиони денари, пари кои се обезбедени од буџетот на локалната самоуправа“, посочи Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
Со овој проект значително ќе се подобри безбедноста во сообраќајот како на возачите така и на пешаците, а исто така ќе се подобри и изгледот на овој дел од Прилеп.„Оваа улица за брзо време ќе стане современ булевар со 4 ленти, ќе има зелен појас на средината, исто така предвидено е да има велосипедски п

Пронајдете не на следниве мрежи: