четврток, 12 ноември 2026
Најново

Улични музичари настапија во автобусите низ Скопје

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Улични музичари настапија во автобусите низ СкопјеУчичните музичари на Град Скопје вчера напладне го напуштија плоштадот и со своите музички изведби настапија во автобусите на ЈСП.
Уличните музичари направија едно пријатно изненадување на патниците настапувајки со нивниот репертоар кој вклучуваше и македонска музика, па патниците без двоумење им се придружија веднаш и секојдневната монотонија се разби во навистина весела и распеана атмосфера.
Настапија два бенда од кои едниот е „Метаверсус“ кој настапува со македонска и странска рок и поп музика а другиот е „Сирин“ со својот ориентален стил и етно звуци.
Овој проект е дел на програмата за култура на Град Скопје и е во организација на ЈУ Конгресен Центар Александар Македонски кој е во петтата година од своето постоење. Уличните музичари настапуваат во централното градско подрачје и успешно ги забавуваат минувачите. Овој интересен настан успеа да го долови и естрадниот магазин Backstage од МТВ и својата репортажа ќе ја прикажат денеска во 17:40 часот.Учичните музичари на Град Скопје вчера напладне го напуштија плоштадот и со своите музички изведби настапија во автобусите на ЈСП.
Ули

Поврзани вести