УМОРНИ СТЕ ДА БИДЕТЕ СИНГЛ? – Тогаш, престанете да ги правите овие 18 ГРЕШКИ!

Љубовта менува многу работи кога ќе тропне на вратата. Некои работи стануваат подобри, а некои едноставно нѐ плашат. Еве како работите од коишто се плашиме, можат опасно да ги загрозат шансите за „среќен крај“ на приказната.Време е да се соочите со стравовите, цврсто да го фатите кормилото со рацете и да го насочите бродот кон пристаништето на љубовта, а овие 18 нешта никако немојте да ги правите!
1. Ја зезнавте работата бидејќи се плашите од обврски и врзување
Престанете да бегате од личноста којашто смета дека сте вредни за сакање и фокусирајте се на тоа да му/ѝ дадете шанса.
2. Немојте да одбиете добар дечко/девојка, само затоа што не е „доволно лош/а“
Дивјакот останува дивјак, а вистинската личност ќе биде покрај вас во сите ситуации.
3. Не дозволувајте да победи разумот
Понекогаш треба да се слуша и срцето. Се исплати.
4. Страв од престанување на првата фаза од врската, по која работите стануваат „реални“
Тешките ситуации и проблеми се неизбежни во секој однос. Изборете се со нив и вашата врска ќе стане посилна, а ирационалниот страв во потполност ќе исчезне.
5. Ситуацијата во која се играат игри е битка без победници
Не правете им го тоа на другите и не дозволувајте некој тоа да ви го прави вам. Во оваа ситуација нема победник.
6. Заборавете на љубомората поради ситниците
Малку љубомора е составен дел од секоја врска, но ако давите околу секој детаљ, тоа може да заврши со катастрофа од широки размери.
7. Оставете го егото настрана
За врска се потребни двајца, а не еден човек и едно огромно его.
8. Планирањето ја „гуши“ иднината
Сосема е во ред да имате идеја за нешто што го сакате, но сѐ друго е потполно непотребно.
9. Немојте да имате резерва кога ќе ја пронајдете личноста со којашто ви е убаво
Зарем не знаете дека грицките го расипуваат главното јадење?

 

10. Не дозволувајте да ве обесхрабри потенцијалниот неуспех
Искуствата од минатото се тука за да научите од нив и да не ги повторувате грешките, а не да ве кочат на патот кон среќата.
11. Не дозволувајте туѓото мислење да влијае на вас
Едно е добронамерен совет од добриот пријател, а друго е наметнувањето ставови и начин на размислување. Мислете со својата глава.
12. Не исклучувајте ги луѓето бидејќи се плашите дека ќе мислат дека сте потполно безвредни
Секоја личност е единствена и прекрасна на свој начин, а оние кои се вредни за внимание ќе го препознаат тоа.
13. Немојте да го чекате вистинскиот момент
Љубовта доаѓа кога најмалку се надеваме и тоа е жива вистина. Вистинскиот момент е оној кога љубовта ќе тропне на вашата врата.
14. Обидете се на луѓето да им дадете втора шанса
Навистина нема смисла секому да му давате втора шанса, но проценете добро во кој случај тоа навистина има смисла.
15. Исфрлете ги поранешните од животот
Престанете да плачете над истуреното млеко и оставете поранешните да останат таму кадешто припаѓаат – во минатото.
16. Престанете да си го поставувате прашањето „Што ако?“
Едноставно престанете со тоа. Ќе биде онака како што треба да биде или како што самите ќе си ги наредите работите.
17. Се плашите од „смирување“
Сексот за една вечер може да биде одлично искуство, но не е трајно решение. Дајте им шанса на луѓето кои би можеле да ве сакаат.
18. Сфатете дека не можете сѐ да имате
Понекогаш треба да се ризикува малку, за да се добие многу. Бидете храбри и сторете го тоа. Чувството е убаво.Време е да се соочите со стравовите, цврсто да го фатите кормилото со рацете и да го насочите бродот кон пристаништето на љубовта, а овие 18 нешта

Пронајдете не на следниве мрежи: