УМС на ВМРО-ДПМНЕ го обои споменикот на СДСМ „Едно евро за Вицето“

Младината на владејачката партија денес во знак на револт поради насилничкото однесување на хулиганите од СДСМ, организираше „Боење во чест на шарената револуција“, но овој пат на споменикот на СДСМ кои го нарекоа „Едно евро“.Тие потенцираат дека ниту оштетиле ниту ќе оштетат ниту еден споменик на македонски херој, јунак или објект од јавен интерес.
-Освен по тоа што СДСМ е запаметен како партија која не изградила ниту еден објект од национален интерес и не изградиле ниту еден културен споменик, СДСМ е запаметена и како партија партија која изминатиов период стимулира и поддржува уништување и вандализирање на споменици, на објекти од јавен интерес и на објекти кои се културно историско наследство на Република Македонија. Она што е оставено како споменик од страна на владеењето на СДСМ е криминал, приватизација и преку 300.000 отпуштени работници од фабриките. СДСМ е запаметен по создавањето на урбаната мафија во Дебар Маало по раководство на нивниот архитект Мирослав Грчев и по криминално изградениот трговски центар Глобал во Струмица, криминал тежок 8 милиони евра за кои што е аболициран Заев, рекоа тие.

Потенцираа дека затоа денес презентираа споменик на СДСМ со симболично значење од 1 евро „Едно евро за Заев, едно евро за Вицето“.
-Тоа едно евро му овозможи на Заев да создаде огромна олигархиска империја чиј репрезент  се скапи автомобили, луксузни вили во Грција, јахти, рекоа од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
 
Тие потенцираат дека ниту оштетиле ниту ќе оштетат ниту еден споменик на македонски херој, јунак или објект од јавен интерес.
-Освен по тоа

Пронајдете не на следниве мрежи: