Во преполната сала на НУЦК „Марко Цепенков“ младите од Прилеп испратија јасна порака дека се на страната на проектите и развојот на Македонија. Младите со ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДПМНЕ со младите. Повеќе од 700 млади прилепчани беа присутни да дадат поддршка на новите мерки и проекти кои ги најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Само во последниот месец и половина беа промовирани нови 14 проекти кои се однесуваат на малдите, вклучувајќи ги средношколците, студетите, постдипломците, докторанитете како исите малди луѓе до 35 години.
Беше посочено од први јануари 2016 година сите редовни студенти од државните универзитети можат да користат бесплатен јавен градски превоз секој ден во неделата, на сите линии. Мерка што значи поголема мобилност и повисок студентски стандард!
По примерот на успешниот проект „Слободен четврток“ со кој студентите имаат можност бесплатно да ги посетуваат културните настани, од први јануари 2016 година истата можност ќе ја имаат и средношколците преку проектот „Средношколска среда“.
Овие проекти се најновите во низата проекти и мерки за подобрување на животот на младите.
Мега проектот „Купи куќа за млади“ за кој младите од прилеп ќе можат да го изградат својот дом во новата прилепска населба „Градина“, бесплатен железничи превоз за младите, изградба на нови игралишта, стипендии за постдипломски и докторски студии, „Македонија вработува“ реконструкција на студентски домови и изградба на перални и сушални за алишта во истите.
Исто така младите прилепчани дадоа и многу нови предлози за проекти за кои се надеваат дека ќе бидат дел од новата програма на ВМРО-ДПМНЕ 2016-20120 година.Повеќе од 700 млади прилепчани беа присутни да дадат поддршка на новите мерки и проекти кои ги најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.