УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Кичево со конструктивни предлози за новата програма

Во рамките на кампањата „На Македонија и треба твојата идеја“, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ синоќа организираше трибина во Кичево.Беа презентирани проектите кои Владата на Република Македонија ги спроведе и ги спроведува за младите во Македонија, а голема беше заинтересираноста на присутните и за предложување на нивни идеи.
Орце Ѓорѓиевски, потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ вели дека на вчерашната трибина се слушнале многу конструктивни предлози и идеи.
-Веруваме дека голем дел од истите ќе бидат прифатени од нашиот експертски тим кој е предводен од луѓе од Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Трибината помина во најдобар ред, имаше доста заинтересираност, рече тој.

Дејан Пандилески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Кичево, потсети на повеќето владини проекти за Кичево, како што се отварањето на правниот и техничко-технолошкиот факултет, технолошко индустриската зона и првата странска инвестиција со 1000 нови вработувања, изградбата на автопатот Кичево-Охрид, изградбата на новата градска болница и други крупни проекти.
Поддршка на трибината дадоа пратеникот Благоја Деспотоски и претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Кичево, Ѓорѓија Сајкоски, кои истакнаа дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш ги слушала барањата и идеите на младите и истите во огромен број ќе бидат дел и од новата програма на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните предвремени парламентарни избори.Беа презентирани проектите кои Владата на Република Македонија ги спроведе и ги спроведува за младите во Македонија, а голема беше заинтересираност

Пронајдете не на следниве мрежи: