Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од ОК Ново Село во соработка со градоначалникот на општина Ново Село, Блажо Велков, со поставување на кош и одбележување на терен за улична кошарка го промовираше проектот на Владата на Република Македонија за изградба на 150 игралишта за уличен баскет ширум државата.-Настанот кој денеска се случува е резултат на барањето на младите спортисти кое беше упатен од нас за поставување на нова спортска опремано и изразување на нашата силна желба и Ново Село да се најде на мапата за поставување на едно од најавените 150 Street-баскет игралишта. Што се однесува до вложувањето во спортската инфраструктура вредно е да се напомене дека Влатата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ досега има крупни инвестиции во општина Ново Село. Пример за тоа е спортската сала „Христо Татарчев“ која е мултифункционална и комплетно опремена, двојното тениско игралиште „Лидија“ кое е исто така комплетно опремено и осветлено и повеќенаменското игралиште во населеното место Мокриево кое е исто така опремено и осветлено. УМС како протагонист во креацијата на младинската политика и во иднина ќе продолжи да ги артикулира барањата и потребите на сите млади луѓе од општина Ново Село, истакна претседателот на УМС од ОК Ново Село, Петар Марков.
Од УМС Ново Село најавуваат работно лето и низа активности кои ќе се одвиваат на територијата на целата општина.
-Настанот кој денеска се случува е резултат на барањето на младите спортисти кое беше упатен од нас за поставување на нова спортска опремано и изра