УМС на ВМРО- ДПМНЕ ОК Велес, по повод Државниот празник 23 октомври, Денот на македонската револуционерна борба, осма година по ред, традиционално, ја организира Ораторската вечер „Петар Поп Арсов“.„25 години самостојна, суверена и независна Република Македонија. Кон што чекориме и за што сонуваме“, беше темата на овогодинешната ораторска вечер, на која ораторите можеа да ги изнесат своите погледи и ставови. Исто како и претходните, така и оваа осма ораторска вечер имаше натпреварувачки карактер.
Стручната комисија првото место му го додели на Никола Перовиќ од Куманово. Второто место му припадна на ораторот од Велес, Ангел Лукаров, а третото на Елена Орцева од Струмица.
–Примарната цел на оваа ораторска вечер е да го поттикнува јавното говорење како можност за искажување на ставовите на младиот човек и создавањето на квалитетни и одговорни кадри кои ќе претставуваат авангарда на својата генерација, рече Живе Катранџиев, претседател на УМС на ВМРО- ДПМНЕ ОК Велес.
Тој му додели Благодарница за посебен придонес во фунционирањето на Унијата на млади сили на досегашниот секретар на ОК на УМС, Димче Трајковски, за како што рече, поминатите пет и пол години во заедничко градење и напорна работа за Унијата да биде она што е денес.
Шлагот на вечерта беше настапот на Ансамблот Македонија, чијшто перформанс не остави никого рамнодушен.
Од Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ ОК Велес, изразија големо задоволство од заинтересираноста на младите да говорат на овој настан и на преполната сала со публика. Тие најавија дека ќе ја продолжат традицијата за организирање на овој културен настан.„25 години самостојна, суверена и независна Република Македонија. Кон што чекориме и за што сонуваме“, беше темата на овогодинешната ор