УМС ВМРО-ДПМНЕ Битола: Бенефитот од политиките на ВМРО-ДПМНЕ за студентите е видлив

Политиките на СДСМ се бесрамни. Тие своите политички игри ги товарат и на грбот на студентите и се обидуваат да манипулираат со нив.Изјава на Кристијан Митровски, Унија на млади сили на ВМРО- ДПМНЕ Битола
СДСМ во ситуација кога немаат што да им понудат на студентите, и никогаш немале, повторно пласираат лаги. Наспроти нивните лаги, ВМРО-ДПМНЕ работи.
Бенефитот од политиките на ВМРО-ДПМНЕ за студентите е видлив. Сакаме да потсетиме дека Таа истата ВМРО-ДПМНЕ што ја критикуваат, десет години им овозможува подобри услови на студентите.
Единствени услови кои студентите во времето на СДСМ ги имаа беа само неколкуте стипендии кои ги добиваа децата на високите функционери на оваа партија.
Денеска студентите имаат можност да искористат над 40 различни видови стипендии, а воведена е и една од најважните стипендии за упис на еден од 100-те светски најдобри универзитети, што уште еднаш ја покажува грижата на ВМРО-ДПМНЕ за образованието на младите.
Намалена е партиципацијата за студентите. Некогаш студирањето беше привилегија за децата на олигарсите и членовите на СДСМ, денеска е реалност за сите.
Овозможен е бесплатен превоз за студентите каде што има јавни претпријатија за превоз, а воведен е и бесплатен железнички превоз секој прв и трет викенд во месецот, а ја искористиле 83.874 студенти и им се заштедени милиони денари.
Се изгради нов студентски дом – Стив Наумов, а беа реконструирани и дел од постојните објекти на студентските домови. Реконструиран е и блок Б од студентскиот дом Гоце Делчев, а се чека мебел за негово опремување за да се пушти во употреба.
Лифтовите во сите студентски домови се заменети со нови, дополнително ќе се градат и 3 нови студентски домови Реконструирана е библиотеката Браќа Миладиновци, а се подготвува и комплетно реновирање на истата.
Се подготвува реновирање на НУБ Свети Климент, а ќе се прават читални во Прилеп, Струга, Гевгелија, Струмица, Аеродром, Велес и уште една мултифункционална читална во Скопје. Незамисливо во времето на СДСМ.Изјава на Кристијан Митровски, Унија на млади сили на ВМРО- ДПМНЕ Битола
СДСМ во ситуација кога немаат што да и

Пронајдете не на следниве мрежи: