Уништувањето на сѐ што им е на дофат на рака на СДСМ продолжува. И покрај многубројните апели од наша страна да престанат да го уништуваат имотот на граѓаните, СДСМ во за нив препознатлив стил, продолжува да нанесува штета на јавниот но и на приватниот имот на прилепчани.Да ве потсетиме дека за време на изборите во 2013 година ваш сегашен советник, член на СДСМ, доби прекршочна пријава од страна на полицијата, токму за уништување на објекти.
Утрово овде и на многу други локации во нашиот град, осамнаа повторно пораки со недолична содржина.
Не очекуваме од вас да излезете и да ги исчистите штетите што ги правите, ниту очекуваме дека ќе престанете. Кога вие немате чувство кон државата и националните интереси, најмалку очекуваме да чувствувате одговорност кон објектите во нашиот град. Слабиот рејтинг и безидејноста знаеме дека ве фрлаат во очај, но барем еднаш поштедете ги граѓаните од вашата деструктивност и нарав за уништување.
Прилепчани бараат конкретни проекти и решенија, а не празна реторика и погрдни зборови. Ние младите им веруваме на реалните мерки кои се во насока на подобрување на нашата заедничка иднина. Младите прилепчани ги интересираат мерките кои ги промовираме како што се „Македонија вработува”, „Купи куќа за млади”, „бесплатен јавен превоз”, ,,бесплатен железнички викенд”, „спортски игралишта, читални и скејт паркови”, „директно вработување за најдобрите 100 студенти”, проектот „Млади амбасадори”, стипендии за постдипломски и докторски студии, можноста за студентите кои се запишале со кофинансирање да им се намали партиципацијата за 50%, а не вашите погрдни пароли.
Довербата не можете да ја добиете уништувајќи го она што е направено. Затоа ве очекува јубилејниот 10-ти по ред пораз.
Ви благодарам!Да ве потсетиме дека за време на изборите во 2013 година ваш сегашен советник, член на СДСМ, доби прекршочна пријава од страна на полицијата,