Договорот во вредност од 66 750 €, за стипендирање на студиски престој во странство за 22 студенти и 3 професори од Универзитетот „Св. Апостол Павле“ е потпишан од ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ Охрид – Нинослав Марина и директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност – Дарко Димитров.Врз основа на потпишаниот договор, 15 студенти од Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во претстојниот период ќе заминат на петмесечен студиски престој на некој од европските универзитети, а 7 студенти ќе имаат можност да поминат пет месеци како практиканти во европски компании од областа на информатиката и комуникациските технологии.
По повод потпишувањето на договорот Ректорот Нинослав Марина уште еднаш ја потенцира важноста на програмите за мобилност кои се во согласност со стратешките определби за меѓународна видливост на нашиот универзитет истакнувајќи дека истите преставуваат одлична можност за стекнување на драгоцени искуства и запознавање со постојните образовни и деловни практики на универзитетите и компаниите од земјите учеснички во програмата Еразмус.
Договорот за стипендирање на студиски престој во странство на студенти и професори од Универзитетот „Св. Апостол Павле“ се реализира во рамките на програмата на Европската Унија за едукација, тренинг, млади и спорт „Еразмус+“.Врз основа на потпишаниот договор, 15 студенти од Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во претстојниот период ќе заминат на петмесечен сту