Комбинацијата на сончева светлина и одредени лекови или супстанци, може да доведе до појава на црвенило на кожата познато како еритема која наликува на изгореници од сонце.Комбинацијата на сончева светлина и одредени лекови или супстанци, може да доведе до појава на црвенило на кожата познато како еритема која наликува на изгореници од сонце.
Овие реакции се поделени на две групи фототоксични и фотоалергиски реакции.
Фототоксичната реакција најчесто е поврзана со штетното влијание на ултравиолетовите А зраци (UVA) во комбинација со некои лекови. Оваа реакција се карактеризира со појава на осип и црвенило на кожата која била изложена на сонце, а за да се спречи истата потребно е да прекинe со употреба на лекот од кој настанала реакцијата се до негово отстранување од организмот.
Во продолжение ќе ги наведеме групите на лекови кои најчесто појавуваат фототоксични реакции со цел да посветите поголемо внимание во овие летни денови доколку и вие примате било каква терапија. Тоа се најчесто антибиотиците од групата на кинолони како ципрофлоксацинот најчесто употребуван кај нас и познат како Цитерал, тетрациклинските антибиотици како што е доксициклинот, сулфонамиди како сулметоксазол и триметоприм, кај нас најчесто употребувана комбинација позната како Лидаприм или Бактрим, антихистаминици најчесто дифенхидраминот кај нас познат како Драмина или пак лек кој се користи при патување за да се избегне гадењето и повраќањето, исто така внимавајте и доколку сте примиле антималарична терапија, или пак примате лекови кои делуваат на кардиоваскуларниот систем, доколку сте под терапија со диуретици, лекови кои се користат при терапија на дијабет, аналгетиците, антипсихотичните лекови, трициклични антидепресиви, внимавајте и во случај да користите лекови за третман на карцином на кожа.
Фотоалергиската реакција настанува како резултат на изложување на ултравиолетово зрачење кое ја менува структурата на лекот при што самиот организам лекот го препознава како страно тело односно антиген а со тоа имуниот систем кај човекот предизвикува алергиска реакција која се манифестира како осип на кожата која била изложена на сонце и наликува на егзема. Овој тип на реакција најчесто се јавува при употреба на одредени супстанци како лосиони, парфеми и слично.
Повеќе на mkd-news.comКомбинацијата на сончева светлина и одредени лекови или супстанци, може да доведе до појава на црвенило на кожата позн