Управниот одбор на РФМ реши да го покачи надоместокот за странски играчи во ракометните клубови во Македонија

Врзано со одлуката за покачување на надоместокот за лиценца за странските играчи во ракометните клубови во Македонија од 1000 на 1500 евра (во денарска против-вредност) за сезоната 2015/2016 донесена на 22 август 2015 г. на редовна седница на УО, Ракометната Федерација на Македонија на 24 август 2015 г. доби писмено барање од: „РК Макс Струмица“, „РК Прилеп 2010“, „РК Пелистер Битола“ и „РК Охрид 2013“ за ревидирање на истата, односно нејзино стапување на сила од натпреварувачката сезона 2016/2017.- Земајќи го предвид барањето од горе-наведените клубови, податокот што буџетите за натпреварувачката сезона 2015/2016 се дефинирани и затворени, како и реакцијата на РК Вардар испратена до медиумите, раководството на Ракометната Федерација на Македонија, испрати барање до членовите на Управниот одбор за постапување согласно наведеното.
Поради итноста за донесување одлука, согласно Член 35 од „Статутот на РФМ“, како и Член 3, точка 11 од „Законот за здруженија и фондации“ (Службен Весник на РМ бр. 52 од 16 април 2010г.), Управниот одбор на РФМ се согласи одлуката за покачување на надоместокот за странски играчи во ракометните клубови во Македонија на 1500 евра да стапи на сила од натпреварувачката сезона 2016/2017.
Би ја искористиле оваа прилика да напоменеме дека Ракометната Федерација на Македонија е отворена во секое време за дијалог со сите ракометни клубови во Република Македонија на сите релевантни ракометни теми, и како и до сега, ќе дадеме сè за создавање атмосфера во која сите ќе можат да напредуваат, но таа комуникација очекуваме да биде двонасочна, бидејќи, сепак клубовите се оние кои се базата од која потекнуваат квалитетни национални репрезентативци кои достојно (ќе) ги бранат боите на Македонија – стои во известувањето на РФМ.- Земајќи го предвид барањето од горе-наведените клубови, податокот што буџетите за натпреварувачката сезона 2015/2016 се дефинирани и затворени, к

Пронајдете не на следниве мрежи: