Уредување на излетничко место Сапунџица во атарот на село Ниже Поле

Проектот го реализира Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион а со поддршка од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој., преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година ( Мерка 323).Резултати:
Со проектот беше овозможено целосно осовременување на излетничкото место Сапунџица, збогатување со анимациски содржини за посетителите и негово амбиентално осветлување.
Поконкретно, следните активности беа реализирани:
– комплетно реновирање на чајџилница со поставување на нова дограма, реконструкција на санитарните јазли, поставување на нова кујнска опрема, маси и столици за посетителите, како и компјутерска опрема за непречено работење на објектот.
– изградба на платформа за деца, во чии рамки е изграден детски парк за најмладите посетители,
– изградени се 5 платформи за рекреација на посетителите, во чии рамки се поставени 2 скари, 48 клупи и 18 чадори кои се наменети за користење од страна на посетителите во текот на пролетниот и летниот период.
– Амбиентално осветлување на изградените платформи со вкупно 45 канделабри, како и осветлување по должина на ски патеката со вкупно 20 канделарби, што дополнително овозможува услови за ноќно скијање.
Имплементацијата на проектот ќе овозможи зголемување на бројот на посетители во руралните средини и ќе придонесе за поттикнување на одржливиот рурален развој во Пелагонискиот регион преку развој и промоција на Пелагонија како туристичка дестинација .Резултати:
Со проектот беше овозможено целосно осовременување на излетничкото место Сапунџица, збогатување со анимаци

Пронајдете не на следниве мрежи: