Уредувањето на албанскиот јазик како втор официјален ќе биде еден од првите приоритети на новата влада

Уредувањето на албанскиот како втор официјален јазик ќе биде еден од првите приоритети на новата влада. Ова го потврди и лидерот на ДУИ Али Ахмети.-Сигурно и од голема важност е да се даде порака дека ова е почеток на многу очекуваните реформи почнувајќи од тие во судството, но не заборавајќи дека оваа земја е во потполна стабилност почитувајќи ги и етничките заедници, што значи дека не треба да се заборави Охридскиот договор, не треба да се заборави статусот на албанскиот јазик како што е определен со Охридскиот договор и со Уставот на РМ.
Вака одговара Ахмети на прашањето- кои ќе бидат првичните задачи на новата влада во која партиципира и неговата партија.
Ние не бараме ништо што е надвор од Охридскиот договор и надовор од Уставот на РМ, вели Ахмети и додава:
„Злоупотребата на политички партии за дневно-политички цели дека Али Ахмети кажал пред 10 години: „Прашањето на албанскиот јазик е завршено и дека албанскиот јазик е официјален“, јас никогаш не сум рекол такво нешто. Сум кажал дека албанскиот јазик и статусот се уште не се завршени, има аванцирање на албанскиот јазик во Македонија, но не е комплетно, статусот на албанскиот јазик ќе се уреди со Закон како што бара и самиот Охридски договор и Уставот на РМ- јазикот кој што го зборуваат над 20% од граѓаните исто така е официјален јазик.“
 -Сигурно и од голема важност е да се даде порака дека ова е почеток на многу очекуваните реформи почнувајќи од тие во судството, но не заборавајќи

Пронајдете не на следниве мрежи: