Град Скопје во соработка со Стопанска банка ја почна изградбата на урбаниот велосипетски полигон за деца во првиот дел на Парк Македонија.Идејниот проект за урбаниот велосипетски полигон за деца е од едукативен карактер, односно децата да ги научат сообраќајните знаци и сообраќајните правила.
Велосипетскиот полигон за деца е со површина од 660 кавадратни метри, со должина на патека од 270 метри и урбана опрема: бампери, рампа, паркиралиште за велосипеди, нишалки, лизгалки, дрвена куќарка, површини исополнети со песок, клупи за седење, пикник маси и корпи за отпадоци.
Велосипетската патека за деца, којашто ќе биде со должина од 270 метри ќе биде широка 120 сантиметри, којашто од двете страни ќе има тротоар од по 50 сантиметри за нивните учители, помагатели.
Подлогите за возење на патеката ќе бидат од три различни типови, односно најдолгиот потег е од лиена гума, на бетонска подлога во широчина 120 сантиметри, со калдрма од двете страни по 50 сантиметри, коишто симболизираат тротоари, вториот потег е калдрма, а третиот потег е од дрво, односно дрвено мовче.
Со ваквата комбинација на матријали за подлога ќе се подготват идните велосипедисти за возење на различен терен.
Во тревните површини околу паркингот за велосипеди и зоната со нишалки ќе се постават 12 клупи за седење, 4 сетови од пикник маси и клупи за седење и корпи за отпадоци.
Во изградбата на овој едукативен полигон ќе се користат еколошки материјали.Идејниот проект за урбаниот велосипетски полигон за деца е од едукативен карактер, односно децата да ги научат сообраќајните знаци и сообраќај