И оваа година, есенската акција „Ден на дрвото- засади ја својата иднина“, успешно беше реализирана во општина Битола. Акцијата се спроведуваше на повеќе локации меѓу кои во урбаниот дел во Брусничко – лавчанската населба, населбата Буковски ливади, паркот на улицата Анести Пановски, покрај улиците Солунска, Булевар 1 ви Мај, Македонски гемиџии, градски парк, Широк Сокак и во близина на Тера телевизија.„Традиционално продолжуваме со засадувањето на дрва, но денес во договор со Влада на Р.М одлучивме тоа да го направиме во урбаниот дел на градот. Обично засадувањето беше во делот каде што беа големите пожари, каде и денес Македонски шуми има акција за пошумување, но ние сме сконцентрирани во урбаниот дел. Во овој дел ќе бидат засадени околу 800 садници. Овој пат акцент се стави на неколку градови кои што имаат проблем со загадувањето, со што се стави фокус и на Битола. Така што мислам дека ќе имаме масовен одзив на нашите граѓани не само во текот на денешниот ден туку во текот на целата недела. Се разбира доколку има потреба, доколку има можности и доколку сакаат граѓаните акцијата ќе трае и подолго од она што беше предвидено со планот” изјави градоначалникот на Општина Битола д-р Владимир Талески.
Како и за останатите акции и овојпат граѓаните покажаа голем интерес и зедоа активно учество во акцијата за пошумување, која всушност претставува наш заеднички придонес кон обезбедувањето на чиста и здрава животна средина.
Во денешната акција активно учество зедоа и основните и средните училишта преку организирање на наставен ден со посебна програма и засадување на садници во училишниот двор или најблиската зелена површина.
„За разлика од минатите години, акцентот е ставен на урбаниот дел во Битола, затоа што четири градови Битола, Скопје, Кичево и Тетово се во минатиот период најзагадени градови, така што Владата додели најповеќе садници за тие центри. За Битола се доставени 3850 садници кои во текот на денешниот ден и наредните неколку денови треба да бидат засадени на 15 локации. Покрај јавни зелени површини и дрвореди и онаму каде што недостасува, главно акцентот ќе биде ставен на урбаниот дел” истакна директорот на ЈП Комуналец Зоран Соклевски.
Покрај редовното вклучување во акцијата, општина Битола во соработка со ЈП Комуналец, за заинтересираните физички и правни лица, обезбеди садници кои од денес ќе придонесат за разубавување на приватните и дворовите на јавните објекти. Во рамките на оваа акција официјални барања доставија 25 правни лица за 500 садници и 62 физички лица за 320 садници.„Традиционално продолжуваме со засадувањето на дрва, но денес во договор со Влада на Р.М одлучивме тоа да го направиме во урбаниот дел на гра