Успешно заврши најмасовната хуманитарна и едукативна акција во Битола, куќичката и фабрката на Дедо Мраз!

Деновиве во Битола заврши најмасовната хуманитарна и едукативна акција Куќичката и Фабриката на Дедо Мраз.Под мотото Од децата – за децата 2015та финишира со низа едукативни и хуманитарни активности во Битола.
Во Куќичката на Дедо Мраз децата комуницираа и се сликаа со најпопуларниот дедо на цел свет додека родителите купувајќи фотографија донираа.
Во овој дел се прибраа 130.000 денари кои се искористија за купување на батерија на точакот на Пеце – дете со церебрална парализа, лаптоп, фотоапарат, логички игри и дел од инвентарот за Едукативниот центар за деца со аутизам во Битола. Се купија прехрамбени продукти и други основни животни потребштини за семејства во социјален ризик кои беа идентификувани преку канцеларијата на Црвен крст во Битола и семејства кои беа вклучени во овој дел од акцијата минатите години. Сите овие работи беа доставени до крајните корисници од страна на тимот кој ја координираше работата на Куќичката на Дедо Мраз
Оваа година додадена вредност на Куќичката беше Фабриката на Дедо Мраз во организација на здружението АртАкт од Битола.
Фабриката ја посетија околу илјада деца, родители и едукатори кои активно учествуваа во креативните и едукативните работилници каде беше потенцирана магијата и моќта на несебичноста и споделувањето. За време на овие работилници децата беа поттикнати да учествуваат во создавањето и креирањето на подобар свет за оние на кои им треба поддршка и помош, децата и нивните родители ги потсетивме на вистинските вредности, дека најважното е невидливо за очите и дека нашето малку некому многу му значи.
Гости во Фабриката беа студентите на школата за лидерство и јавни политики Политеа кои со својата еднодневна акција “Твоето малку е некому многу” собраа 7.500 денари, нерасиплива храна, облека и играчки кои беа донирани до семејства со социјален ризик преку Народната кујна.
Дел од овие средства беа одделени за исплата на волонтерски трошоци на четири средношколци и студенти од социјално ранливи категории кои волонтираа во акцијата со што Фабриката на Дедо Мраз го примени Социјаното претприемништво во некој почетен облик.
Поради својата комплексност акцијата заврши деновиве. Со надеж дека успеавме празничната магија да влезе во срцата на сите деца без разлика на класната припадност,Под мотото Од децата – за децата 2015та финишира со низа едукативни и хуманитарни активности во Битола.
Во Куќичката на Дедо Мра

Пронајдете не на следниве мрежи: