Уште две недели е отворен јавниот повик за избор на „Најдобар млад научник“ за 2015 година

Уште две недели е отворен јавниот повик за избор на „Најдобар млад научник“ за 2015 година, признание што шеста година по ред го доделува претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.Носителот на признанието за 2014 година, м-р Даниел Денковски, денеска одржа предавање на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип на тема „Локализација на предаватели во сценарија со несигурни позиции на сензорите: Алгоритми и граници на поведение“ и пред присутните ја претстави својата работа, пренесува МИА.
– Сакам да истакнам дека наградата „Најдобар научник на Македонија за 2014 година ми беше мотивација да продолжам со мојата научно-истражувачка работа која што резултираше во една исто така плодна година, изјави Денковски.
Проектот „Најдобар млад научник“ инициран од страна на претседателот Иванов има за цел  да го поттикне развојот и да ги стимулира вложувањата во науката, да ги поддржи научните установи и младиот научен кадар, но и да ги награди врвните научни достигнувања.
– Она што можам да го истакнам е дека промовирањето на младите научно-истражувачки кадри оди во нагорна линија“, рече проф. д-р Татјана Атанасова Пачемска, декан на Електротехничкиот факултетот при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, охрабрувајќи ги младите истражувачи коишто ги исполнуваат условите на конкурсот, да аплицираат за годинашното признание „Најдобар млад научник“.
Јавниот повик за избор на „Најдобар млад научник“ за 2015 година е отворен до 31 декември за сите млади луѓе до 30 години кои во досегашната научна работа имаат постигнати научни резултати што придонесуваат за позитивен развој на општеството и околината во која живеат.
Услов за конкурирање на заинтересираните е да имаат добиена меѓународна награда, меѓународно или домашно признание за научно-истражувачка дејност, резултатите од научното истражување да биле објавени во релевантно домашно или меѓународно списание и да имаат своја применетост.
Апликацијата треба да содржи биографија, реализирани проекти во 2015 година со кои се конкурира и доказ за државјанство на Република Македонија.
Заинтересираните своите документите треба да ги достават до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија најдоцна до 31.12.2015 година.Носителот на признанието за 2014 година, м-р Даниел Денковски, денеска одржа предавање на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип на тема &

Пронајдете не на следниве мрежи: