Русија прати уште еден воен брод кон Сирија, овој пат најголемиот воен транспортен брод познат под името „Николај Фиченков“. Руската агенција Интерфакс пренесува дека кон Сирија плови најголемиот воен транспортен брод на оваа земја.
„Бродот ќе застане во Новоросијск, каде што на него ќе биде натоварен специјален товар, оттаму ќе тргне кон одредената област во источен Медитеран“, наведе Интерфакс, без да прецизира за каков товар станува збор.
Русија, главниот меѓународен сојузник на Сирија во сегашните судири во таа земја, ги преместува своите бродови во Медитеранот, од, како што наведе, безбедносни причини.
Во четвртокот три руски воени бродови поминаа низ Босфорскиот теснец на патот кон источно Средоземје, во близина на сирискиот брег.
Бродот на разузнавачката служба ШЦ-201 „Приазовје“, во придружба на бродовите „Минск“ и „Новочеркаск“, помина низ Босфор, и покрај стравувањата во регионот поради можен воен удар на Сирија од западните земји предводени од САД, најавен како одговор на наводниот напад со хемиско оружје што го извршил сирискиот режим во Дамаск, пренесе АФП. Руската агенција Интерфакс пренесува дека кон Сирија плови најголемиот воен транспортен брод на оваа земја.
„Бродот ќе застане