– Audi оствари еден два победа на најважната светска трка во издржливост – 13 победи за Audi при 16 настапи на трките 24 часа Ле Ман – Руперт Штадлер изјави: „Фантастично достигнување на целиот тим“Пред речиси 300 000 вљубеници во мотоспортот, Audi ја продолжи победничката низа на 24 часа Ле Ман. На 82-то издание на најважната светска трка во издржливост, Марсел Феслер од Швајцарија, Андре Лотер од Германија и Беноа Трелие од Франција избија на првото место додека пак тимот во состав: Лукас ди Граси од Велика Британија, Марк Жене од Шпанија и Том Кристенсен од Данска се погрижија Audi да забележи уште една голема еден – два победа во својата историја. Со победата се одбележува 13-тиот триумф за брендот со четирите прстени на 24 часа Ле Ман при само 16 настапи на ова натпреварување. Може да се каже дека оваа победа е најдрагоцената во историјата на брендот, поради тоа што тимот Audi Sport Joest успеа да ги надвладее силните конкуренти на исклучително тешката трка, која долго време беше неизвесна. Разрешницата, во корист на двата Audi R18 e-tron quattro автомобили, се случи дури во завршната фаза. “Видовме многу возбудливи трки и прославивме големи победи на 24 часа Ле Ман, но оваа победа за нас има посебно значење “, изјави професор д-р Руперт Штадлер, претседател на одборот на директори на AUDI AG, по триумфалната завршница на двата Audi R18 e-tron quattro автомобили. Имавме силна конкуренција но на крајот повторно успеавме да победиме на 24 часа Ле Ман што е фантастично достигнување за целиот Audi тим. Многу сме среќни и им се заблагодаруваме на сите оние кои го направија овој успех можен”. “Новите прописи на Ле Ман, како никогаш порано, се однесуваат на ефикасноста на тркачките автомобили “, – изјави професор д-р Улрих Хакенберк, кој воедно е и член на управниот одбор за технички развој и е одговорен за мотоспорт програмата на AUDI AG. “TDI технологијата, која е најефикасна во светот уште еднаш надвладеа на 24 часа Ле Ман. Во исто време, ние успешно ја употребивме нашата нова технологија кај ласерските светла, и ќе продолжиме и понатаму со низа технички достигнувања и пионерски чекори кои најпрво ќе ги прикажеме на Ле Ман. Би сакал да им се заблагодарам на сите кои напорно работеа за да го постигнеме овој исклучителен успех, но пред се да му се заблагодарам на Audi Sport тимот” – додаде д-р Хакенберк. “Ова беше трка која единствено може да се доживее само на Ле Ман”, – изјави шефот на Audi Motorsport д-р Волфганг Улрих и додаде: “Имаше многу инциденти и ниеден од врвните автомобили не успеа да забележи предност без никакви проблеми. Јас верував дека и покрај особено тешките услови оваа година, ние ќе успееме бидејќи го имаме најефикасниот тркачки автомобил. Успехот ме прави особено горд. Благодарение на целиот тим и на нашиот управен одбор, уште еднаш го потврдивме слоганот „Напредок низ техника“. За Audi, ова е 13-та победа на 24 часа Ле Ман, осма победа со TDI мотор и третa победа со хибриден тркачки автомобил. Тимот Joest ја прослави 15-тата победа на најважната светска трка во издржливост, додека пак натпреварувачите Марсел Феслер од Швајцарија, Андре Лотер од Германија и Беноа Трелие од Франција, по 2011 и 2012 година, го забележаа својот трет Ле Ман триумф. Пред речиси 300 000 вљубеници во мотоспортот, Audi ја продолжи победничката низа на 24 часа Ле Ман. На 82-то издание на најважната све
Пронајдете не на следниве мрежи: