Уште една донација од Жито Лукс за Детскиот оддел во Клиничката болница во Тетово

Уште една донација од Жито Лукс за Детскиот оддел во Клиничката болница во ТетовоЖито Лукс ја реализираше и втората донацијата во Детскиот оддел во Клиничката болница во Тетово. ЕКГ апарат, душеци, постелнина и перници се само дел од производите што компанијата ги набави и со тоа овозможи подобри услови во Детскиот оддел.
Хуманитарната акција беше дел од кампањата преку која компанијата издвојуваше дел од средствата и истите ги вложи во доопремување на овој оддел.
„Изминативе 3 месеци, во Тетово имплементиравме хуманитарна акција чија цел е подобрување на  условите на детското одделение во Клиничката болница во овој град. Првоот дел од донацијата, го реализиравме пред 2 месеца, а денес ја комплетиравме донацијата. Голема благодарност упатуваме до граѓаните на Тетово кои се вклучија и ја поддржаа нашата акција. Се надеваме дека им овозможивме на најмладите пациенти да се чувствуваат што е можно попријатно. Нашата компаниска заложба за помагање онаму каде што е неопходно се одвива во континуитет и ќе продолжи и понатаму со следење на состојбите и таргетирање на различни здравствени и социјални центри, каде би ја дале нашата помош“, изјави Лидија Трајковска Ристовска, менаџер во секторот за маркетинг на Жито Лукс.
Опремувањето на детското одделение покрај од Жито Лукс, беше помогнато и од фудбалерот Артим Шаќири како најголем поддржувач на кампањата заедно со граѓаните на Тетово, а за вработените во Тетовската клиника значи и олеснување на нивната работа.
„Оваа вредна донација на Жито Лукс, за нас е од големо значење. Истата ги надмина нашите очекувања и придонесе за создавање услови за подобро функционирање на нашиот персонал, но најважно од сè, ќе им овозможи на пациентите подобра медицинска грижа и нега“,изјавија од Детското одделение при Клиничкиот Центар во Тетово.Жито Лукс ја реализираше и втората донацијата во Детскиот оддел во Клиничката болница во Тетово. ЕКГ апарат, душеци, постелнина и перници

Пронајдете не на следниве мрежи: