Љубителите на комедијата вечерва, 27.6.2016 година, со почеток во 21:00 часот во рамките на фестивалот „Гола месечина“, ќе можат да ја проследат претставата „Жорж Данден“ по текст на Молиер во режија на Драгослав Савиќ, а во изведба на Народниот театар од Ниш.Во оваа комедија Молиер се занимава со темата на ново-печените богаташи, правејќи ја пиесата сериозна критика на помодарството, лицемерието и болната склоност кон „високите кругови“.
Жорж Данден селски богаташ, обидувајќи се да се доближи до аристократија и да се здобие со благородничка титула се жени со благородничка, која го презира и мами. Неговата суета, глупоста и алчноста ќе го доведат до дното, а тој понижен ќе сфати дека со парите не може да се купи најскапоцената работа – љубовта.
Утре, пак, на репертоарот е претставата „Македонска приказна“ од Боњо Лунгов во продукција на Театар за деца и младинци, а во среда фестивалот завршува со претставата на Театар`Комедија „Нешто пропуштаме“ од Горјан Милошевски во режија на Бојан Трифуновски, кога ќе бидат прогласени и победниците.
Инаку, вчера на истата сцена се одигра претставата „Парламентарки“ од Сашо Димоски во режија на Ненад Витанов во продукција на Центар за култура – Охрид, Македонија, која ја крена публиката на нозе.Во оваа комедија Молиер се занимава со темата на ново-печените богаташи, правејќи ја пиесата сериозна критика на помодарството, лицемерие