Во скопскиот Основен суд утре почнува судскиот процес против 18 обвинети во случајот „Диво насеље“, кои претходно се изјаснија како невини, јавува Канал 5.Според обвинителниот акт, тие ќе одговараат за тероризам и за нарушување на уставниот поредок на државата.
На 9 и на 10 мај во кумановската населба „Диво насеље“ вооружена група се судри со безбедносните сили при што загинаа осуммина полицајци, а повеќе од 30 беа повредени.
За наводите во обвинителниот акт кој обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција го поднесе против обвинетите, во судот беше одржана јавна седница.
Тогаш сите обвинети се изјаснија како невини, а нивните адвокати го оспоруваа обвинението со тврдење дека истрагата за случајот не е правилно спроведена и побараа случајот да биде предаден на специјалното јавно обвинителство.Според обвинителниот акт, тие ќе одговараат за тероризам и за нарушување на уставниот поредок на државата.
На 9 и на 10 мај во кумановската