„Македонска приказна“ на Театарот за деца и младинци е претставата која вечерва, 28.6.2016 година, во СЦ „Ново Лисиче“ ќе биде прикажана во рамки на фестивалот на комедијата „Гола месечина“.Оваа претстава ја нарекуваат заштитен знак на Театарот за деца и младинци. Поставена е со импровизирани кукли (различни предмети од селскиот живот формираат човечки и животински облици) од режисерот Боњо Лунгов, кој може да се каже дека е иноватор на овој вид кукли. Темпото и ритамот на претставата е диктирано од македонска изворна музика, која со своето богатство не остава простор за кажување текст.
Вчеравечер, пак, љубителите на комедијата имаа можност да ја проследат претставата „Жорж Данден“ по текст на Молиер во режија на Драгослав Савиќ, а во изведба на Народниот театар од Ниш, додека утре со претставата на Театар Комедија „Нешто пропуштаме“ од Горјан Милошевски во режија на Бојан Трифуновски, се затвора фестивалот и се прогласуваат победниците за оваа трета по ред сезона.Оваа претстава ја нарекуваат заштитен знак на Театарот за деца и младинци. Поставена е со импровизирани кукли (различни предмети од селскиот живот